fbpx

Продолжувањето на воените операции во Сирија ќе биде опаснo за регионот, смета Рохани

-

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, предупреди дека продолжување на воената акција на САД против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад ќе биде „особено опасно“ за регионот.

Рохани, чија земја заедно со Русија е главен сојузник на Асад, повтори дека го осудува американскиот воздушен напад, кој беше одговор на хемискиот напад во провинцијата Идлиб и побара меѓународна истрага за овој инцидент.

Русија и Асад тврдат дека владините воздушни напади погодиле складиште со хемиско оружје, кое е под контрола на бунтовниците, тврдење кои за официјален Вашингтон е неверојатно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...