Фото: Архива на Мета

Рокот за електронско поднесување на годишна сметка до Централниот регистар се продолжува заклучно со 25 март до полноќ.

„По барањата пристигнати до Владата и до Централниот регистар за одложување на рокот за доставување на годишна сметка, Централниот регистар излегува пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка.Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи врз основа на состојбата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот ковид-19, а со цел запазување на законските рокови,“ информираат од Влада.

Согласно податоците од Централниот регистар заклучно со вчерашниот ден 11 март, над 90 отсто од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка.