fbpx

Продадена парцелата во најголемиот рамен парк во Штип

-

Граѓанскиот протест не ја спречи продажбата на парцелата што зафаќа дел од најголемиот рамен градски парк во населбата 8 Ноевмри во Штип. На вчерашното електронско јавно наддавање, парцелата од 878 квадратни метри до Градскиот стадион во Штип е продадена за 44.200 евра. Постигната е цена од 3.100 денари за еден квадратен метар. Од Општината Штип, која ја продаде парцелата, велат дека имало двајца заинтиресирани купувачи, а наддавањето завршило со третата понуда. Почетната цена изнесуваше 600 денари за еден квадратен метар.

Од граѓанската иницијатива „Стоп! Забрана за изградба на објекти во паркот во населбата 8 Ноември“ велат дека продажбата не ги спречува да продолжат преку институциите да ја оспорат законитоста на целата постапка.

– Работиме на преставки и на оценување на законитоста на целата постапката пред Уставниот суд и пред Инспекторатот за локална самоуправа. Се сомневаме дека при продажбата законот не е почитуван. На крајот, инвеститорот што ја купил парцелата, може да се најде во незгодна ситуација – изјави Горан Трајков од граѓанската иницијатива.

Оттаму минатата недела организираа трибина, на која побара од Општината да ја запре продажбата и да не го уништува единствениот рамен парк во Штип.

Општината ја спроведе лицитацијата, во група од 23 парцели. На електронското наддавање биле продадени вкупно осум парцели, од кои Општината заработила 19 милиони денари.

– Највисока цена постигна локација предвидена за бензинска пумпа во населба Балканска. Почетната цена за еден квадратен метар беше 400 денари, но по речиси двочасовно наддавање, достигна цена од рекордни 6.500 денари за еден квадрат, односно вкупна цена од 9.568.000 денари. За локацијата за бензинска пумпа наддаваа шестмина субјекти – соопшти Драган Ристов, референт за односи со јавноста во Општина Штип.

Според законот, следи рок за приговор од три дена, а потоа 15 дена можност за уплата на парите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...