Четворица мртви во бомбашки напад во Тајланд

Четири лица загинаа во бомбашки напад извршен на југот на Тајланд. Нападот се случил во провинцијата Патани, каде изминатите години се водат борби меѓу властите и бунтовничките групи.

Напаѓачите го поставиле експлозивот под клупа на јавно место во градот Кхок Пхо.

Се претпоставува дека зад нападот стои бунтовничка група која оперира во овој дел од земјата. Провинциите Јала, Патани и Наративат, кои се наоѓаат на границата во Малезија, до 1902 година се наоѓаа во составот на Малајскиот Муслимански Султанат, пред Тајланд да ги анектира.