fbpx

Приходите на ИД опаднале за 30 отсто

-

Приходите на Исламска држава и бројот на лицата кои живеат на територија што е под нејзина контрола опаднале за околу една третина, покажува анализата на американската агенција ИХС, која смета дека тоа претставува закана за долгорочното владеење на ИД во нејзиниот самопрогласен калифат.

Месечните приходи на ИД во март паднале од околу 80 милиони долари, колку што изнесувале кон средината на минатата година, на 56 милиони долари, соопшти агенцијата.

Истовремено, дневното производство на нафта на територија под контрола на милитантите падна од 33.000 барели на 21.000, поради оштетување на нафтените постројки во воздушните напади на коалицијата предводена од САД.

„ИД и понатаму претставува сила во регионот, но падот на приходите е значителен погодок и проблем за организацијата да владее со својата територија на подлоги патеки“, навел во извештајот високиот аналитичар на ИХС, Лудовико Карлино.

Според извештајот, територијата под контрола на милитантите од средината на 2014 година досега се намалена за околу 22 отсто, додека бројот на жителите на таа територија опаднал од девет на шест милиони.

„Има помалку жители и деловни активности кои ИД може да ги оданочува, а истото се однесува и на имотот и на земјата кои може да ги конфискува“, наведува аналитичарот Колумб Старк.

ИД остварува околу 50 отсто од своите приходи преку оданочување и конфискување, 43 отсто од продажба на нафта, а остатокот од трговија со дроги и продажба на електрична енергија и донации, се наведува во извештајот.

ИХС наведува дека милитантната група вовела можност граѓаните осудени на физичка казна да бидат поштедени во замена за пари, што укажува на финансиски проблеми во кои се наоѓа ИД.

Казната може да биде поради инсталирање сателит, излегување во град или погрешен одговор на прашањата од Куранот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...