fbpx

Хамон во ненадејна посета на Либија

-

Шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд, денеска допатува во ненајавена посета на Либија, јавува агенцијата „Франс прес“.

Хамонт во Триполи ќе се состане со претседателот на либиската влада за национално единство, Фајез ел Сараџ.

Шефот на британската дипломатија ќе одржи прес-конференција со премиерот, соопшти портпаролот на британската дипломатија.

Владата на национално единство има поддршка од Обединетите нации, Европската унија и од САД. Оформена е со помош на ОН, за да ја обедини земјата која е распната меѓу две ривалски влади.

Во Либија владее хаос од соборувањето и убиството на поранешниот либиски лидер, Моамер Гадафи во 2011 година. Земјата оттогаш е зафатена од вооружени судири на различните фракции, од кои во последно време профитира Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...