fbpx

Претседателот Иванов упати честитка за празникот Богојавление-Водици

-

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква-Охрдиска архиепископија, г.г. Стефан, и до сите православни верници, по повод христијанскиот празник Богојавление-Водици.

– Водици е празник кој го истакнува значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанството. Одбележувајќи го денот кога свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во водите на реката Јордан, ние го славиме нашето духовно раѓање, што ја зацврстува нашата верба, ни дава надеж за подобро утре и нè поттикнува меѓусебно да се почитуваме и да се престигнуваме во добрина. Тоа се вредности врз кои ја темелиме и вековната македонска традиција на соживот и на почитување и прифаќање на различноста. Нека овој празник, кога ги осветуваме нашите води, ни даде можност да посветиме внимание, почит и љубов кон нашите семејства, соседи и пријатели, свесни дека сплотени можеме да се справиме со сите предизвици и искушенија – стои во соопштението за честитката од Кабинетот на претседателот Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...