fbpx

Трајановски: Скопските училишта нема да штрајкуваат

-

Во вторник ќе почне второто полугодие од учебната година и наставата ќе се одвива нормално во сите средни и основни училишта во Скопје, а ќе работат и сите градинки, соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а во врска со најавениот штрајк на Синдикатот за образование, наука и култура(СОНК).

Трајановски рече дека изминатава недела биле контактирани сите образовни институции во Скопје и досега ниту една од нив не пријавила дека ќе го поддржи штрајкот.

– Изминатава недела контактирани беа сите образовни институции во Скопје кои се опфатени со најавениот штрајк и досега не е пријавено од ниту една институција дека ќе се одржи штрајк. Доколку некои наставници сакаат да штрајкуваат, тоа е нивно право, а ние, како надлежни институции, во согласност со законските прописи, ќе обезбедиме замени за сите што ќе штрајкуваат и наставата ќе се одвива нормално. Сакаме да ги информираме сите ученици и нивните родители дека во Скопје второто полугодие ќе почне во вторник и наставата ќе се одвива нормално – изјави Трајановски.

Вчера и градоначалниците на неколку општини од внатрешноста на државата за медиумите изјавија дека на одржаните состаноци со директорите на училиштата во општините било речено дека штрајкот на СОНК нема да биде поддржан и во вторник ќе почнат со настава.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вчера за телевизијата „24 Вести“ изјави дека нема да отстапат од најавениот штрајк и покрај притисоците кои, како што вели тој, најчесто доаѓаат од општинските власти и од одредени партиски приврзаници блиски до власта.

Оваа недела се појави и „контра-СОНК“, група наставници и членови на синдикатот кои бараат да биде откажан најавениот најавениот штрајк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...