fbpx

Пресврт во случајот на Асанж

-

Шведските обвинители побараа од основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, да го испитаат во Лондон, каде престојува во амбасадата на Еквадор. Обвинителите побарале да направат ДНК-анализа.

Асанж го прифати барањето да го испитаат во Лондон поради обвинението за силување, изјави неговиот адвокат.
– Соработуваме со истрагата. Тој го прифати барањето – рече Пер Самуелсон, додавајќи дека неговиот клиент го поздравил потегот на шведските обвинители.

Асанж се наоѓа во амбасадата на Еквадор од јуни 2012 година за да избегне екстрадиција во Шведска каде е обвинет за сексуален напад и за силување, кои тој ги негира.

Тој вели дека се плаши оти Шведска потоа ќе го испорача на САД, каде би му се судело за објавување огромно количество доверливи податоци во историјата на САД.

Како што самиот вели, повеќе не верува во позитивен исход на случајот и стравува дека САД нема да го остават на мира поради тоа што го направил.

– Можно е да сум осуден на смрт – заклучи Асанж.

Британскиот заменик-премиер Ник Клег минатата недела соопшти дека полициската стража пред еквадорската амбасада чини 15 милиони долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...