fbpx

Пратеникот Зоран Илиоски прашува дали Заев е попривилегиран од другите граѓани?

-

Обвинетиот Зоран Заев денеска, по кој знае кој пат, повторно го избриша подот со македонските судови, поигрувајќи си со законите и со Уставот, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

– Обвинетиот Зоран Заев денеска повторно успеа да избега и да го одложи судењето во кое требаше да се појави како обвинет за земање поткуп од 100.000 евра, кои требало да бидат исплатени во менувачницата на Вицето. Обвинетиот Зоран Заев и денеска продолжи да ја лаже и да ја манипулира јавноста, обидувајќи се да објасни дека е нормарлно и законски да се бараат по 100.000 евра за Вицето и по 100.000 евра за црквата – изјави Илиоски.

Пратеникот Илиоски рече дека нема граѓанин во Македонија кој може да си дозволи вакво однесување како обвинетиот Зоран Заев.

– Се наметнува прашањето зошто Зоран Заев е попривилегиран од сите други во земјава? Кој му дал право на обвинетиот Зоран Заев да ги гази институциите во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквото однесување на Зоран Заев и бара институциите да имаат ист третман кон него како и кон сите други граѓани на Република Македонија – рече Илиоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...