fbpx

Иванов и Хојт Ји разговарале за бегалците, Договорот од Пржино и за НАТО

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска се сретна со Брајан Хојт Ји, заменик помошник на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на Соединетите Американски Држави.

На средбата, како што стои во соопштението од кабинетот на претседателот, биле разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, за состојбите со европската и со евроатлантската перспектива на нашата земја, за актуелностите во однос на бегалската и мигрантска криза, како и за внатрешните политички предизвици во Македонија.

Претседателот Иванов истакнал дека Република Македонија останува целосно посветена на членството во НАТО и во Европската Унија, притоа изразувајќи очекување од одлучна американска поддршка во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава во јули 2016 година.

„Во контекст на бегалската и мигрантската криза, македонскиот претседател го информираше соговорникот за активностите што ги презема Република Македонија во справување со оваа криза, притоа потврдувајќи го ставот дека нашата земја се залага за сеопшто европско решение. До решение може да се дојде само во соработка со Грција и со Турција. Тоа е и во интерес на Македонија, нагласи претседателот Иванов“, стои во соопштението.

Во однос на внатрешните политички предизвици, претседателот Иванов подвлекол дека политичките лидери во Македонија преземаа одговорност за справување со политичката криза и потпишаа договор што мора да се реализира.

„Целосно спроведување на обврските од договорот е клучно за одржување фер, слободни и демократски избори. Неопходно е да се почитува договорот за да можеме да имаме влада со чист политички мандат што мора да се справува со сите предизвици, истакна македонскиот претседател. На средбата беше реафирмиран интересот на Република Македонија за интензивирање на стратешкото партнерство со САД и изразено очекување за понатамошно продлабочување на севкупната билатерална соработка. Двајцата соговорници разменија мислења и информации и за состојбите во регионот“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...