fbpx

Пожарите во Грција беснеат и утринава, се евакуираат жители и туристи

Владини експерти се очекува во наредните денови да пристигнат во Родос и во останатите региони погодени од пожарите за да го проценат обемот на катастрофата

-

Сè уште беснеат пожари во централниот и југоисточниот дел на Родос – битката за справување со пламените јазици продолжува седми ден по ред.

Силните ветрови го разгоруваат огнот, додека температурите неделава се очекува да бидат многу високи, што ја прави ситуацијата уште полоша, пренесува Би-би-си. 

Со помош на авиони кои фрлаат вода, властите деноноќно работат да ги скротат пожарите.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека е јасно оти земјата е „во војна со огнот“, додека напорите на пожарникарите се концентрирани на гаснење на пожарите што беснеат и на островите Евија и Крф, пренесува Гардијан.

„Наш приоритет секогаш ќе биде човечкиот живот“, изјави вчера Мицотакис пред пратениците во грчкиот парламент.

Властите ја засилија евакуацијата, наредувајќи им на луѓето да ги напуштат хотелите и домовите.

Во текот на ноќта над 2.400 лица побегнале од своите живеалишта во 17 села долж северниот брег на Крф, а стотици лица биле евакуирани и на Евија.

Изминатиот викенд Грција ги доживеа највисоките температури во последните 50 години, при што централниот регион Тесалија достигна 45 Целзиусови степени.

Владини експерти се очекува во наредните денови да пристигнат во Родос и во останатите региони погодени од пожарите за да го проценат обемот на катастрофата. Се верува дека бројни домови, деловни објекти и парцели обработливо земјиште се изгубени во пламените јазици. Оштетени или уништени се многу хотели, од кои дел се очекува дека нема да можат повторно да отворат оваа сезона.

Акцентот, како што јавува Гардијан, засега е ставен и на спасување на имиџот на Грција како туристичка дестинација. Туризмот обезбедува 25 отсто од БДП на земјата и покрива едно од пет работни места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...