fbpx

Повеќе од 4.000 мигранти биле спасени за време на викендот

-

Повеќе од 4.000 мигранти се спасени покрај италијанскиот брег за време на викендот во повеќе координирани операции на италијанската морнарица и на крајбрежната стража.

Од петокот до неделата спасени се повеќе од 3.000 луѓе во 28 операции, соопшти денеска командантот на крајбрежната служба, адмирал Винчензо Мелоне.

Денеска 931 мигрант се префрлени од норвешки трговски брод во Палермо, Сицилија. Овие мигранти беа спасени во текот на викендот крај либискиот брег во рамки на операциите со кои управува европската агенција за контрола на надворешните граници – Фронтекс.

Најголемиот дел од мигрантите се од Ирак и од Сирија, но има и од Мароко, Тунис и од Египет.

На италијанскиот брег пристигнале повеќе од 320.000 мигранти во текот на последните две години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...