Потпишани првите договори за закуп на земјоделско земјиште над три хектари

-

Денеска во Владата се потпишаа првите договори од инвестицискиот оглас за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари, со агробизнисмени и земјоделци кои ќе развиваат инвестициски проекти во преработувачки капацитети. покрај примарното производство.

„За прв пат државата доделува државно земјоделско земјиште под закуп за кое што земјоделците и агробизнисмените имаат можност освен за примарно производство да подготват и бизнис план за преработувачки капацитети. Вкупната инвестиција на сите 20 прифатени договори изнесува 11 милиони евра, износ кој што ќе се вложува во следните 5 години во инвестициски проекти за винарници, кланични капацитети, млинови, оранжерии и откупни центри“, рече премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека преку овие инвестиции во земјоделската преработувачка индустрија ќе се создадат услови за обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи, решавање на проблемот со вишоците, како и отворање на нови работни места.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николосвки потенцираше дека јавното наддавање се спроведе на 20 географски целини во 13 општини и за сите нив се склучуваат договори, за вкупно 1.341 хектари.

„Ова е прв ваков инвестициски оглас, и веднаш после претседателските избори ќе следува нов ваков оглас кој што е веќе подготвен. Станува збор за атрактивни земјоделски парцели на кои што освен примарно земјоделско производство ќе има и преработувачки капацитети. Она што е значајно е просечната закупнина по хектар на јавното наддавање е доста зголемена. Ако просекот на сите претходни огласи се движел од 90 до 100 евра, сега на овој оглас просечната закупнина достигна 258 евра по хектар“, изјави Николовски

Инаку сите потписници на договорите за инвестицискиот оглас, се и потенцијални корисници на мерките од ИПАРД програмата.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...