понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: земјоделство | 65 резултати

Не е точно дека ЕУ ги уништува селата и земјоделците

февруари 7, 2024

ЕУ се обидува да се справи со предизвиците што ги имаат земјоделците, а кои се однесуваат на повисоки цени за производство, ниска цена на откупот, како и проблемот со евтиниот увоз од странски држави. Добар дел од проблемите на земјоделците поради коишто тие протестираат ширум Европа се и поради воената инвазија на Русија врз Украина. […]

СЗО не го забранило земјоделството ширум светот

јануари 31, 2024

Во објавата невистинито се тврди дека Светската здравствена организација под превезот на глобалното затоплување ќе забрани земјоделие, месо и млечни производи за да се изгладнуваат луѓето и да се намали светската популација, Но, кога ќе се прочита декларацијата која ја имаат потпишано повеќе од 130 држави, меѓу кои и Северна Македонија, се доаѓа до заклучокот […]

За првпат младите кои ќе добијат грант за „Млад земјоделец“ ќе имаат авансна исплата од 40 отсто

септември 20, 2023

Во тек е јавниот повик за Мерката 112 „Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ позната како мерка „Млад земјоделец“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Мерката, како што соопштија од министерството, овозможува финансиска поддршка во форма на грант до 600.000 денари од […]

Објавен е првиот повик од ИПАРД 3 програмата која тежи 97 милиони евра

септември 3, 2023

Објавен е првиот повик од ИПАРД 3 програмата кој ќе трае до 1 Ноември. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска го објавија стартот на новата и зголемена помош од европските фондови за македонското земјоделство. ИПАРД 3 е со 62 отсто поголем буџет од ИПАРД 2 и тежи 97 милиони евра. Во […]

Не постои ЕУ агенда за уништување на традиционалното производство на храна

август 27, 2023

Во објавата на Фејсбук не е споделен целиот текст и не може да се види дека станува збор за евтаназија на свињи во Хрватска поради исклучително заразната болест африканска чума, а не за постоење на некаков глобален план за уништување на традиционалното производство на храна и префрлање на синтетичко. Нема светски заговор за уништување на […]

АНАЛИЗА: Увозот на работна сила – меч со две острици

март 28, 2023

Се намалува бројот на активно и работоспособно население во земјава. Новите податоци покажуваат дека во 2022 во однос на 2021 година, бројот на активно население е намален за скоро 12.000. Не запира трендот на одлив на работна сила, но во најава е и „увоз“ од странство, пишува Порталб.мк. Пазарот на труд се соочува со тектонски […]

Стипендиите за студентите на земјоделство, ветеринарство и шумарство ќе изнесуват 18.000 денари

ноември 17, 2022

Новите стипендии кои ќе се доделуваат на студенти запишани на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки ќе изнесуваат 18.000 денари месечно, а ќе се доделуваат за девет месеци во текот на една академска година. Предвидени се вкупно 30 вакви стипендии, информираше денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. „Ова е […]

Како да се зголеми ангажманот на младите во земјоделството, клучен дел од агендата за развој на ЕУ

јуни 13, 2022

Како да се мотивираат младите да се занимаваат со земјоделство како клучен дел од агендата за развој и што им е неопходно, беа дел од прашањата на кои дебатираа триесетина претставници на институции, здруженија и поединци што се занимаваат со земјоделство, полјоделство, лозарство, овоштарство и пчеларство. Дебатата на тема „Здрава, безбедна и достапна храна“ поттикната […]

Земјоделците треба да се едуцираат за производство со намалени емисии на стакленички гасови

мај 13, 2022

Одржливото земјоделство кое има минимален импакт врз животната средина и врз емисиите на стакленички гасови е тренд и цел кон која се стремат многу развиени држави во светот. Климатските промени се една од најголемите закани за човештвото, која не може да се надмине без промена на земјоделските практики. Земјоделството е еден од најголемите емитери на […]

Шест од осум причини за деградација на почвата потекнуваат од земјоделството, органското производство е спасот

ноември 21, 2021

Шест од осум причини за деградација на почвата потекнуваат од земјоделските активности. Прекумерната употреба на хемиски препарати, но и несоодветниот начин на обработка го уништуваат еден од најважните природни ресурси кои, заедно со чистиот воздух и питката вода, мора да го зачуваме. Здравата почва е незаменлива и неопходна за одржување на животот и производство на […]

Живка Ѓурчиновска: На младите земјоделки им требаат услови и финансиска поддршка за да бидат рамноправни

октомври 29, 2021

Живка Ѓурчиновска е жена на која воопшто не ѝ претставува проблем да вози трактор. Таа е вредна земјоделка и мајка на три деца, која со своето семејство живее во Гостиварското село Тумчевиште, во северозападниот дел на Македонија. Ѓурчиновска е веќе 11 години е регистрирана земјоделка, а со оваа професија се занимава веќе 20 години. Произведува […]

Роботи ќе ги заменат земјоделците во работата на нива, во Калифорнија почнаа тестирањата

септември 27, 2021

Дали роботите со вештачка интелигенција би можеле во иднина да ги заменат земјоделците во нивната работа на нива? Ова прашање се поставува откако стартап-от Iron Ox од Силиконската долина во Калифорнија се пофали дека разработува технологија, со која земјоделскиот сектор на глобално ниво би станал климатски неутрален, пишува Јаху. Тие веќе обезбедиле инвестиции од 47 […]

Поради временски непогоди, Владата во просек годишно им исплаќа по 3,5 милиони евра на земјоделците

јуни 26, 2021

Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство во земјава. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за штети при Владата на РСМ во просек годишно исплаќаат по 3,5 милиони евра на земјоделците на основ на штети од временски непогоди, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Долгите топлотни […]

ФИТР за прв пат инвестира во 4 стартап компании за развој на дигитализација на земјоделството

јуни 15, 2021

Четири стартап компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на првиот „Предизвик за дигитализација на земјоделство” кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка. Добитниците се: […]

Николовски на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург: Се проширува трговската соработка со Русија

јуни 3, 2021

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, овие три дена ја предводи владината делегација на официјалната посета на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија. Николовски и рускиот заменик-министер за земјоделство Сергеј Левин, ја потврдија досегашната соработката помеѓу двете држави, и ја потенцираа потребата од продлабочување и зајакнување […]

Истражување на Рурална коалиција: Околу 60 отсто од земјоделците преферираат издавање на услуги на шалтер

април 29, 2021

Недостаток на доверба во системот, недоволна транспарентност на софтверите за аплицирање, како и ниска дигитална и компјутерска писменост се најчестите пречки со кои се соочуваат земјоделците при дигитализирање на услугите поврзани со земјоделството. Над половината од земјоделците преферираат услуги на шалтер бидејќи немаат доверба во електронските услуги и нивната валидност. Ова го покажува истражувањето на […]

Прв јавен повик на ФИТР за дигитализација на земјоделството со буџет од 6 милиони денари

март 16, 2021

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, го објави првиот јавен повик за дигитализација на земјоделството. Буџетот за таа намена изнесува 6 милиони денари (97,5 илјади евра) за четири проекти. Овие средства се од Програмата за рурален развој од која се издвојувале досега по еден процент. Максималниот износ за секој корисник е по 1,5 милион денари или 90 […]

Со помош на Светска банка ќе се модернизира земјоделството

јануари 17, 2020

Проект за модернизација на земјоделството во вредност од 50 милиони евра, како и проект за администрирање на социјалното осигурување во вредност од 13,8 милиони евра ќе се реализираат во рамки на четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка. Заменик-министерката за финансии Ширет Елези пред Собранието ги образложи законите со чие усвојување се овозможува финансирање на […]

МЗШВ: Специјално опремени авиони ќе го штитат земјоделското производство од град

јуни 19, 2019

Владата на вчерашната седница ги усвои измените на Уредбата за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, со кои што се додаде нова подмерка „Услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви“, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Станува збор […]

Заев: Со Кина потпишавме Акционен план за соработка во областа на земјоделството

април 12, 2019

Ја унапредуваме соработката со НР Кина и со земјите од ЦИЕ, посебно во областа на земјоделството, што ветува дополнителен напредок и развој на оваа наша стратешка економска гранка, изјави премиерот Зоран Заев кој учествува на осмиот Самит на шефови на Влади на земјите од ЦИЕ и НР Кина од процесот 16+1 во Дубровник. Тој додаде дека […]

Страна 1 од 4