fbpx

Николовски на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург: Се проширува трговската соработка со Русија

-

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, овие три дена ја предводи владината делегација на официјалната посета на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија.

Николовски и рускиот заменик-министер за земјоделство Сергеј Левин, ја потврдија досегашната соработката помеѓу двете држави, и ја потенцираа потребата од продлабочување и зајакнување на соработката во земјоделскиот сектор преку организирање бизнис форум помеѓу компании од двете земји, отворање откупни центри во повеќе региони и соработка помеѓу инспекциските служби за полесен извоз на македонски производи во Руската Федерација.

Во текот на денешниот ден, вицепремиерот Николовски ќе присуствува на панел дискусијата во рамки на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, на тема „Односите на Руската Федерација и ЕУ – одговор на предизвиците од денешницата“.

Економскиот форум во Санкт Петербург е уникатен настан во светот на бизнисот и економијата, и се одржува од 1997 година. Од 2006 година се одржува под покровителство на претседателот на Руската Федерација. Во текот на последните 24 години, Форумот е водечка глобална платформа за членовите на деловната заедница да се состанат и да разговараат за клучните економски прашања со кои се соочува Русија, пазарите во развој и целиот свет. Деловната програма на годинешниот Меѓународен економски форум, ќе се фокусира на глобалните и руските економии, социјалните теми и технолошкиот развој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...