fbpx

Поставена веб-платформа за хонорарци

-

Македонска платформа за поврзување на хонорарни соработници со заинтересирани работодавци, беше промовирана денеска во Штип. Проектот го почнале млади луѓе, кои сакаат да  стимулираат други луѓе да го искористат своето слободно време и да работат од дома или најдат ангажман  преку платформата. Преку интернет-поврзување, им се овозможува на корисниците да ги употребат своите вештини и интелектуални знаења, без дополнително обврзување, да заработат, а компаниите да добијат одредена услуга.

Еден од основачите, Горан Мојаноски, вели дека ова е платформа на македонски јазик, која со текот на времето треба да прерасне и да стане дел од голобалната платформа.

– Платформата опфаќа седум категории како развој на веб-апликации, интернет-маркети, софтверски апликации, дизај и мултимедиа, анализа и обработка на податоци, превод и пишување, бизнис и правни услуги –  изјави Мојаноски.

„Хитлансер.ком“ (Hitlancer.com) е веќе поставена за да изврши поврзување меѓу хонорарците и корисниците на нивните услуги и вештини. Оливера Костовска изјави дека тоа е основа на платформата.

– Целта ни е само поврзување, но не и да посредуваме при склучување договор, трансакции и слично – вели Костовска.

Ваков тип платформа е прилично развиена во повеќе земји во светот. Познати им се на македонските хонорарци од различни области, кои веќе заработуваат преку платформи како „Simply hired“, „iFrееlаnce“, „People for hour“, „Freelancer“ и други. Лани, преку платформата „Elance.com“, 150 хонорарци заработиле околу 550.000 долари. Работат главно на веб-дизајн, апликации и слично, но има и такви кои обработуваат фотографии и филмски продукти. Заедничко им е тоа што работат од дома.

Македонската платформа првпат е поставена во февруари, како идеја за поврзување на луѓе што користеле одредени програми за едукација или надградување во Америка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...