fbpx

Поштар од Злетово несакајќи се застрелал со пиштол во нога

-

Триесет и едногодишен поштар во пробиштипското село Злетово вчера попладне, несакајќи се застрелал во десната потколеница, со пиштол што го поседувал со дозвола, информира полицијата.

Инцидентот се случил околу 13.15 часот, во објектот на „Македонски пошти“ во Злетово.

Според полицијата, поштарот Т.Д., кој дента разнесувал пензии во селото Лесново, со себе го зел и својот пиштол, марка „застава“ калибар 7,65 милиметри, кој легално го поседувал со дозвола за оружје, сосе рамка со осум куршуми.

Кога се вратил во Злетово и сакал да го стави пиштолот од торбата, во која го носел, во футролата на појасот, оружјето истрелало еден куршум, кој завршил во десната нога, нанесувајќи му влезно-излезна рана.

На поштарот му била укажана првична помош во селото, од каде со возило на Итната помош бил пренесен во Клиничката болница во Штип и по санирањето на поврдата бил пуштен на домашно лекување.

Како што информираат од МВР, по овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа на пробиштипската полиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...