fbpx

Порталб: Тетовскиот стадион во катастрофална состојба, никој не ја презема одговорноста

-

Скршени стакла, расфрлени отпадоци насекаде и графити, сето тоа остава лош впечаток и праќа лоша порака, пишува Порталб.мк. Како што објави медиумот на албански јазик, ова се само дел од елементите што го идентификуваат градскиот стадион во Тетово, чија реконструкција актуелната градоначалничка на Тетово Теута Арифи ја ветува од 2013 година.

Според Порталб, Арифи го повторила истото ветување и во предизборната кампања од 2017 година, а до неодамна градоначалничката на Тетоово редовно ја истакнувала сериозноста на компанијата што ќе ги изведува работите, дека ова ќе се реализира, но на терен не е направено ништо конкретно

Портпаролите на општината и секторот за јавни дејности не одговараат на прашањата на новинарите на Порталб.мк и ја „префрлаат топката“ еден на друг, додека градоначалничката Арифи нема конкретни одговори.

Тетовскиот стадион е во руинирана состојба и со купишта ѓубре околу него. Градот Тетово има екипа која неколку пати е прогласена за државен шампион во фудбал, а последен пат тоа беше во мај годинава. Токму функционерите на ДУИ го подигнаа пехарот кога ФК „Шкендија“ беше прогласен за шампион, а меѓу нив беа: Али Ахмети, Теута Арифи, Крешник Бектеши, Талат Џафери, Артан Груби, додека денес стадионот и понатаму е во очајна состојба кога се работи за условите.

Градоначалничката Теута Арифи во текот на денот на обележувањето на работите на булеварот Благоја Тоска (27 август) рече дека реконструкцијата на стадионот ќе се реализира, но не беше конкретна.

„Мислам дека денес сме во фаза на спроведување на голем и масивен проект. Како што ги реализиравме овие проекти благодарение на сериозните партнерства во овој случај со владата, тргнувајќи од фактот дека имаме сериозно партнерство со многу сериозна компанија, убеден сум дека компаниите ќе се држат на договореното и обврските што ги презеле“, рече Теута Арифи.

Портпаролот на општината и секторот во јавниот сектор „ја префрлаат топка“ еден на друг

Новинарот на Порталб.мк, од 12 август ги контактираше портпаролите на Општина Тетово за да добие одговор за прашањето околу стадионот, и преку е-пошта и по телефон. Првично, портпаролите рекоа дека за ова треба да го контактираме секторот за јавни дејности. Контактиравме со одговорното лице, кое во тоа време ни кажа дека е на одмор, и дека ќе се врати следната недела.

Го чекавме, и повторно го контактиравме, овој пат ни рече дека за ова треба да контактираме со портпаролите на општината, контактиравме и овој пат, но повторно одговорот беше ист. Потоа ја контактиравме шефицата на кабинетот на Општина Тетово, и ја пренесовме загриженоста, а таа рече дека ќе ја пренесе пораката до градоначалничката и дека потоа ќе ни одговори, но тоа не се случи.

Повторно го контактиравме секторот за јавни дејности, каде што ни рекоа дека одговор може да ни дадат портпаролите на општината. Портпаролите на Општината последен пат ветија на 26 август дека ќе ни одговорат но ниту ова не се случи, се додека градоначалничката на Тетово, Теута Арифи на прес -конференција рече дека ова ќе се реализира, но без да се споменат други детали.

Инаку, во продолжение може да се види состојбата на тетовскиот стадион однадвор, бидејќи внатре беше невозможно да се влезе додека новинарот на Порталб.мк беше на терен:

“Маратонот” на ветувања за реновирање на стадионот, градоначалничката Арифи го почна во 2013, потоа во 2017 и сега повторно во 2021 година.

Во предизборната кампања за 2013 година на актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, на две места ветува реновирање на овој стадион според европски стандарди.

„Градскиот стадион (реновирање и исполнување на стандардите за ФИФА) бидејќи Тетово има над 3 клуба и му треба соодветен стадион“, пишува во програмата на предизборната кампања „Градиме заедно“ во 2013 година.

Бидејќи за време на првиот мандат на Ариф ова ветување не беше исполнето, со целосна увереност го даде истото ветување во дебатата на Kallxo.com во соработка со Portalb.mk, каде што меѓу другото гарантираше дека и покрај (не) делувањето на приватниот партнер, таа ветува реализација на овој проект во име на општина Тетово.

„Мислам дека во следниот мандат ова ветување ќе се исполни, заедно со приватниот партнер. Ветувам како градоначалничка и врз основа на договорот што го имаме со приватниот партнер“, рече Арифи во 2017 година.

Денес, ние сме во 2021 година и на крајот на вториот мандат на градоначалничката Арифи, додека ова ветување сè уште не е исполнето. Меѓутоа, Арифи пред два месеци изјави дека со добра волја на приватниот партнер, ова ветување, според неа, ќе се исполни.

„Мислам дека, тргнувајќи од сериозноста што ја имаат како компанија и интересот, нивната желба да го направат најдоброто во однос на стадионот и градот Тетово, како и да е ќе ја најдат формата и за да го реализираат ова“, рече Арифи за Клан Македонија, на 16 јуни.

„Всушност, тоа е прашање за кое на сите ни е јасно дека има некој друг обврски во овој поглед, врз основа на оваа сериозност, јас сум многу убедена дека тие ќе го сторат тоа“, додаде Арифи.

Арифи го повтори истото и пред 3 дена, без да додаде други детали.

Во меѓувреме, стадионот на Тетово со својот статус е објект на државно ниво, кој пред неколку години со владина одлука беше префрлен на Општина Тетово, а потоа беше префрлен на јавно – приватно партнерство. Порталб.мк дознава дека приватниот партнер според договорот мора да инвестира 7 милиони евра на двата стадиона во Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...