fbpx

Поради загубите во Украина, Русија сака да си откупи хеликоптерски мотори од партнерските земји

Во меѓувреме, на истокот и на југот на Украина, каде се концентрирани оружените судири меѓу руската и украинската страна, продолжуваат воените дејствија, при што во руски гранатирања во регионот Херсон се повредени двајца цивили и уште двајца во регионот Донецк. Целосниот биланс од другите региони се очекува

-

Русија се потрудила да си обезбеди делови од воени системи што претходно ги извезла во земји како Пакистан, Египет, Белорусија и Бразил, во обид да ги надополни своите одбранбени капацитети, за да ги надополни оружјата што ги користи за војната во Украина, пишува „Вол Стрит Џурнал“, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Според написот, Русија изминатава година преговарала со Египет, Пакистан, Белорусија и Бразил, во обид да си преоткупи хеликоптерски мотори. Како резултат на тоа, во декември, околу 150 мотори за хеликоптерите Ми-8 и Ми-17 би пристигнале од Египет во Русија, а за возврат Русија би го простила долгот на Египет за доставени хеликоптери, борбени авиони и системи за противвоздушна одбрана и ќе продолжи со поддршка во форма на достава на пченица.

Русија побарала Пакистан да врати барем четири мотори за хеликоптери Ми-35М. Имало понуда и до Бразил за откуп на 12 мотори за хеликоптери Ми-35М од Бразил, што биле исфрлени од употреба, но бразилското Министерство за надворешни работи рекло дека земјата ја одбила понудата.

Белорусија на Москва ѝ продала шест мотори за транспортни хеликоптеери Ми-26.

Покрај тоа, Русија се откажала од дел од своите извозни зделки, пренасочувајќи оружја наменети за Индија и Ерменија и ги испратила во Украина.

Се очекува извозот на руско оружје годинава да стигне до 8 милијарди американски долари, што е речиси половина од извозот во 2021, којшто изнесувал 14,5 милијарди долари.

Во меѓувреме, војната во Украина продолжува. Украинските одбранбени сили во текот на вчерашниот ден извршиле 12 воздушни напади врз цели со руска човечка сила, оружја и воена опрема, а уште три удара се извршени врз системи за противвоздушна одбрана.

Според украинската државна новинска агенција ukrinform.net, од почетокот на руската инвазија врз Украина до денес украинските одбранбени сили убиле 308.720 припадници на руските сили, од кои 1.080 во изминатите 24 часа, соопшти Генералштабот на Вооружените сили на Украина.

Во меѓувреме, на истокот и на југот на Украина, каде се концентрирани оружените судири меѓу руската и украинската страна, продолжуваат воените дејствија, при што во руски гранатирања во регионот Херсон се повредени двајца цивили и уште двајца во регионот Донецк. Целосниот биланс од другите региони допрва се очекува да се објави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...