fbpx

На лицитација трите стана на Мијалков на Водно – се продаваат по 1.400 евра за квадрат

Јавното наддавање ќе се изврши електронски на 27 ноември

-

Три стана и гаража на улицата Славејко Арсов на Водно, во сопственост на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Милајков, се објавени за продажба од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.

Станува збор за три стана – тој од 78 квадратни метри се продава за 108.000 евра, а двата стана од 73 квадратни метри за 101.000 евра. Гаражата од 30 квадратни метри, пак, се продава за 20.000 евра.

Овој имот е одземен со правосилна пресуда против Мијалков  KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје.

Објавата на огласот трае 15 дена, почнувајки од денеска, а рокот за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање е до 23 ноември.

Јавното наддавање ќе се изврши електронски на 27 ноември.

„Продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК г- дин Сашо Мијалков. Со продажбата на овие четири недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 20.316.663 денари или 330.350 евра“, информираат од Агенцијата за управување со одземен имот.

Во септември годинава, Агенцијата за управување со недвижен имот на лицитација ги продаде двата стана во Охрид и градежното неизградено земјиште во Радња за 244.000 евра во сопственост Мијалков. Становите се продадоа за речиси 2.000 евра по метар квадратен.

Сиот овој имот на Мијалков се однесува на предметот во јавноста познат како „Империја“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...