fbpx

Поради трка, утре ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје

-

Утре со почеток во 16.30 часот, во организација на Атлетска федерација на РСМ, ќе се одржи атлетска трка и поради тоа ќе има посебен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи.

„Трасата започнува од Порта Македонија, плоштад Македонија, ул. „Никола Вапцаров“, десно по ул. „Димитрие Чуповски“ до крстосница со ул. „Даме Груев“ каде се врти полукружно назад по ул. „Димитрие Чуповски“, десно по ул. „11-ти Октомври“ до крстосница со бул. „Кочо Рацин“, каде се врти полукружно и се движат назад по ул. „11-ти Октомври“, десно по ул. „Филип Втори Македонски“, лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта Македонија“, информира МВР.

Од тие причини, велат во МВР, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

„МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот“, се додава во соопштението.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...