Новите снежни врнежи формираа покривка од околу триесетина сантиметри снег на планискиот превој Стража и во Мавровско-Реканскиот крај.
Се препорачува задолжително носење зимска опрема, а за патните правци кон овие места, каде има и наноси од снег, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила
– Патниот правец Гостивар – Стража и коловозот кон скијачкиот центар Маврово се очекува доцна попладневио со механизација целосно да бидат исчистени – изјави Валентин Тасески од Јавното претпријатие „Македонија пат“.
И во Тетово и во Гостивар од снегот кој паѓа од утринава формирана е снежна покривка од околу десетина сантиметри.