fbpx

Машиновозачите го прекинаа бојкотот

-

Членовите на Независниот синдикат на машинскиот персонал утринава одлучија да го прекинат еднонеделниот бојкот, иако раковдоството на „Македонски железници – Транспорт“ не ги исполни барањата на машиновозачите, пренесува телевизија „Телма“.

Дел од машиновозачите биле против прекин на бојкотот, но мнозинството гласало за спротивното. Главна причина за ваквиот епилог се решенијата за суспензија и за намалување на платата за 50 отсто, кои раководството почна да им ги дели во петокот.

– Тие решенија нема да важат. Тоа е договорено усно со директорот на „Влеча на возови“, Сашко Ангеловски и оние решенија кои беа веќе подигнати, беа скинати тука пред сите нас. Доколку на платната листа се види дека некој е санкциониран или казнет, едноставно ако не биде одржан договорот од страна на раководството, бојкотот ќе биде активиран за 15 минути – изјави Душко Чакаровски, претседател на НСМПМ.

Според него, независниот синдикат не се откажува од барањата за зголемување на надоместоците на машиновозачите за ноќна работа и за работа за време на празник и на викенд. Овие барања не беа опфатени во колективниот договор, кој пред два дена директорот на „МЖ-Транспорт“, Никола Костов, го потпиша со останатите синдикати во државното претпријатие.

– Разговорите ќе течат и понатаму и ќе зависат од носењето на општиот колективен договор за јавниот сектор. Откако ќе се донесе, ќе видиме што ни следува по закон и ќе продолжиме со нашите барања – вели Чакаровски.

Од Независниот синдикат најавија дека од ноќеска на полноќ ќе почнат редовно да го опслужуваат патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава. И за време на бојкотот тој не беше во прекин, бидејќи возовите ги управуваа членовите на другите два синдиката на машиновозачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...