fbpx

Почна со работа италијанската фабрика за бојлери „Кондево“

-

За помалку од еден месец, премиерот Никола Груевски вторпат промовираше странска инвестиција во штипската Технолошко-индустриска развојна зона. Денеска тој ги посети градежните работи на фабриката за производство на бојлери на италијанската фирма „Кондево“.

На поставените високи столбови во близина на „Џонсон контролс“ и на „Техникал тексајлс“, следната година треба да почне да работи фабриката со производство базирано на технологија на топлинска кондензација.

Сопственикот на „Кондево“, Рафаеле Џенони, кажа дека условите што им ги понудил министерот Џери Наумоф биле пресудни во одлуката да инвестираат во Штип.

– Доаѓањето на Италијанците било договорено на едночасовен разговор во Италија со сопствениците на „Кондево“, семејството Џанони – рече министерот Зоран Ставрески. Тој, при тоа, не кажа кои се условите под кои италијанската компанија влегува во индустриската зона.

– Целото производство е наменето за трети пазари, што значи дека ќе се зголемува и македонскиот извоз – рече премиерот Никола Груевски.

Во фабриката на „Кондево“ се очекува да работат 280 инженери, техничари и менаџери. За разлика од првите две странски инвестиции во ТИРЗ во Штип, овде се дава предност на машката работна сила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...