fbpx

Почна изградбата на гасоводот низ Македонија

-

Во кумановското село Клечовце, денеска почна изградбата на магистралниот гасовод делница Клечовце – Блок станица 5, дел од проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Македонија. Првиот дел од гасоводот, во должина од 61 километар, ќе го гради руската компанија „Стројтрансгас“. Вредноста на инвестицијата изнесува 75,7 милиони долари, од кои 60 милиони произлегуваат од намирувањето на клириншкиот долг.

На почетокот на градежните работи присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за транспорт, Миле Јанакиески, директорите на Македонски енергетски ресурси и на „Стројтрансгас“, Крсте Миладинов и Олег Ширгејев, амбасадорот на Руската федерација, Олег Шчербак.

– Оваа делница е прва за изградба затоа што ќе овозможи понатамошен продор и ширење на целата гасоводна мрежа низ државата. Според планираното, ќе бидат поврзани сите поголеми места со што гасот ќе стане достапен насекаде низ државата. Следните делници кои планираме да се градат се од Штип до Кавадарци преку Прилеп до Битола и Охрид, од Штип до Радовиш – Струмица – Гевгелија, сè до границата со Грција, од Струмица преку Ново Село до границата со Бугарија, од Скопје – Тетово – Гостивар преку Кичево – Струга до Ќафасан и до границата со Албанија-  истакна Груевски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...