fbpx

Почна гласањето за избор на генерален секретар на ОН

-

Петнаесет амбасадори при Советот за безбедност на ОН, денеска, првпат зад затворени врати, ќе гласаат за наследникот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Изборот меѓу 12 кандидати ќе трае долго, сè до октомври, и ќе биде сложен.

Во трката за генерален секретар на ОН се шест мажи и шест жени, од кои осум се од Источна Европа. Покрај кандидатот на Македонија, Срѓан Ќерим, од Источна Европа се и извршната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова, која е кандидатка на Бугарија, поранешниот словенечки претседател Данило Тирк, поранешната шефица на хрватската дипломатија Весна Пусиќ, поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, поранешната министерка за надворешни работи на Молдавија, Наталија Герман, како и шефот на црногорската дипломатија, Игор Лукшиќ.

Од Португалија се кандидираше поранешниот висок претставник за бегалци, Антонио Гутереш, од Нов Зеланд – администраторката на програмата за ОН за развој, Хелен Кларк, од Аргентина – министерката за надворешни работи, Сусана Малкора, како и поранешната шефица на костариканската дипломатија, Кристина Фигерес.

Должноста, според начелото за географска ротација, би требало да му припадне на кандидат од Источна Европа, а многумина сметаат дека тоа може да биде жена, што би било првпат во историјата на ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...