fbpx

Починал човек во Министерството за здравство

-

Министерството за здравство соопшти дека денеска, околу 14 часот, во просториите на министерството му се слошило на надворешно лице (странка), по што веднаш е повикана екипа на Итна медицинска помош.

„Од Здравствен дом – Скопје информираат дека повикот е примен во 14.05 часот, по што веднаш е предадена покана за упатување возило на Итна медицинска помош, кое во најкраток можен рок е пристигнато во Министерство, при што била дадена соодветна терапија и извршена реанимација од докторите од итна медицинска помош во 14.13 часот. Веднаш откако му се слошило на лицето, вработени доктори од Министерството за здравство почнале со реанимација. Покрај Итната медицинска помош, веднаш се повикани специјалисти од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување од Клиничкиот центар во Скопје. И покрај навремено пружената здравствена заштита и повеќето обиди за реанимација, констатирана е смрт на лицето. За немилиот настан е известено семејството на сега починатиот, како и надлежните институции на системот. Министерството за здравство изразува сочувство до семејството на починатиот“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...