Груевски најави инвестиција од автомобилската индустрија

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека американска компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македoнија.

– Нè известија дека донеле одлука за градба на нова фабрика, која ќе биде лоцирана во поголем град во Северозападна Македонија и во која ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица – рече Груевски.