fbpx

По бурната ноќ, ден за чекање, реакции и за одлуки

-

По синоќешното распуштање на парламентот, многу малку работи станаа појасни на политичката сцена во Македонија, освен дека повторно нема прецизна разврска на политичката криза.

Извесно е само дека парламентот е распуштен (иако и за тоа има некои отстапници), дека опозицијата нема да учестува „на уште едни криминални избори“, но за сè друго се чека:

Се чека дали претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, ќе го потпише или не избирачкиот список. Тој вчера изјави дека нема да го стави потписот ако на списокот има дури и еден сомнителен гласач. Притисокот врз него е голем и доаѓа од сите страни.

Се чека кога претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе распише избори. Тој најави дека како претседател на Собранието на Република Македонија може да тактизира и наместо на 7 април, условно, до 15 април да го потпише решението за распишување на изборите на 5 јуни, и со тоа да ѝ даде можност на ДИК да ја заврши својата работа доколку, евентуално, не ја завршила.

Се чека да се види како министрите на СДСМ нема да учествуваат во Владата на Димитриев. Бидејќи нивните оставки не беа констатирани, функционерите на СДСМ треба да најдат начин како поинаку „ќе излезат“ од владата.

Се чека дали (или кога) членовите на ДИК од СДСМ ќе ја напуштат комисијата. Синоќа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека денеска ќе има средба со членовите на ДИК од таа партија и дека ќе донесат одлука дали и тие, како техничките министри и дополнителните заменици министри, ќе се повлечат од комисијата.
– Една од поизвесните одлуки е дека и тие ќе бидат повлечени – рече Заев.

Се чека реакција на меѓународната заедница. Во текот на денот веројатно и претставници на ЕУ и на САД ќе излезат со соопштенија, твитови, или фејсбук-објави.

Се чека реакција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој досега не се изјасни директно за најновите настани.

Се чека реакција на невладиниот и на граѓанскиот сектор, кој досега главно стоеше на ставот дека не се исполнети условите за предвремени избори и дека не се спроведени реформите од Договорот од Пржино.

Се чека реакција на владиниот партнер ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...