fbpx

Пленковиќ: Ќе направиме сѐ Северна Македонија да добие датум во јуни

-

Андреј Пленковиќ, премиерот на Хрватска, во изјава за МИА вели дека Хрватска ќе направи сѐ што може за да и помогне на Северна Македонија да добие датум за преговори во јуни, јави дописничката на МИА од Брисел.

Пленковиќ, кој вчера попладне беше во посета на Брисел, и чија земја го презема кормилото со ЕУ од идната година, потсети дека проширувањето ќе биде високо на агендата на неговата земја.

На прашање на МИА дали на следниот Совет на министри во јуни неговата земја ќе се обиде да ги убеди останатите земји кои сѐ уште имаат резерва за почетокот на преговорите, тој рече дека Хрватска многу добро разбира дека чекор напред е важен.

– Сите наши пријатели во она што е сега Северна Македонија, се многу свесни колку го поддржуваме нивниот европски пат – рече Пленковиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...