fbpx

Петмина жители на Македонски Брод осомничени дека затаиле 16.000 евра данок

-

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднела кривични пријави против пет лица, осомничени дека затаиле данок од околу 967.000 денари или околу 16.000 евра.

Како што информираат од МВР, станува збор за Н.М. (30), О.М. (24), М.О. (25), В.С. (25) и за Б.Т. (28), кои се занимавале со давање интернет-услуги за прогнозирање фудбалски натпревари на лица од цел свет.

На нивните трансакциони денарски и девизни сметки, во македонски деловни банки, како и преку брз трансфер на пари и интернетски трансакциски сметки, осомничните, според полицијата, оствариле поголеми приливи на пари за кои избегнале плаќање на персонален данок.

Според полицијата, во периодот од 2011 до 2014 година осомничените оствариле приход од 9.672.648 денари (околу 157.000 евра) и затаиле данок од 967.264 денари (околу 15.727 евра), сума за која го оштетиле државниот буџет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...