fbpx

„Студентски пленум“: УКИМ го прекрши статутот

-

„На 29 декември 2015 година се одржа последната седница на Сенатот на УКИМ на која студенти и професори од студентскиот и од професорскиот пленум, како и од младинската организација „Мугра“ се обидоа да присуствуваат, но не им беше дозволено. Според статутот на УКИМ (член 110), сите седници на Сенатот се јавни и треба да бидат транспарентни. Се чини дека на нашиот универзитет, работници кои сечат дрва имаат поголеми права од студентите и од професорите“, реагираат од „Студентски пленум“.

„Збунувачка беше и изјавата на професорот Маријан Гушев, кој вели дека Сенатот веќе одлучувал за ова прашања, а пред точно една недела ректорот се прогласи за ненадлежен, заедно со Сенатот. Како тогаш било одлучувано на Сенатот, ако истиот тој сенат немал надлежности и ингеренции да одлучува? И покрај овој немил инцидент, на седницата беа собрани доволен број потписи за да може да се побара свикување вонредна седница на Сенатот, веднаш по новогодишните празници, каде детално ќе се дискутираат сите барања што ги презентираа „Студентски пленум“ и „Професорски пленум“. Фокусот на вонредната седница ќе биде на спречувањето на изградбата на двете нови згради и пронаоѓањето решение за двата факултета, кое ќе биде соодветно и законски донесено. Она што останува е ректорот да одлучи кога би се одржала оваа вонредна седница на Сенатот“, стои во соопштението.

„Студентски пленум“, како што се вели во реакцијата, силно стои зад своите аргументи зошто оваа седница треба да се одржи. Од пленумот истакнуваат дека, неспорно, има потреба од изградба на овие две згради, но не на оваа локација.

„Потребно е ректорот да одговори на прашањата: Дали некој издал дозвола за сечење на дрвјата во кампусот во 2.30 часот по полноќ и кој е одговорен за тоа; кој издал дозвола за влез на специјалната полиција на 14 декември 2015 година на територијата на УКИМ и да даде детална информација за процедурата и за правната основа за почнатите градежни активности во рамките на кампусот за општествено-хуманистички науки. За крај, би додале дека е потребно ректорот да сноси одговорност за случувањата пред Ректоратот и да објасни зошто го прекрши статутот на УКИМ и не дозволи присуство на јавната сенатска седница“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...