fbpx

Петков ја предаде апликацијата ,,dDnevnik”, корисна за превенција и лекување дијабетес

-

Бугарскиот премиер Кирил Петков на неговиот македонски колега Димитар Ковачевски му ја предаде апликацијата „dDnevnik”, која што ќе им го олесни животот на болните од дијабетес во нашата земја, информираат од владината прес-служба.

Софтверското решение „dDnevnik” го изготви компанијата „Скеил Фокус”, која во нашата земја работи од 2019 година, како инвестиција од Бугарија во ИТ секторот.

Проектот е подржан од Министерството за надворешни работи на Бугарија, преку оперативната Програма за развој, во кој компанијата „Скеил Фокус” е партнер заедно со Фондацијата Метаморфозис од Скопје, која има за мисија да ги доближи дигиталните технологии до сите граѓани.

Идејата за развој на ваков вид апликација е поддржана и прифатена и од Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Корисниците на оваа апликација ќе имаат можност бесплатно да ја користат на македонски и албански јазик и ќе биде достапна за корисниците од февруари годинава.

За неколку месеци, оваа апликација ќе стане активна и на бугарски јазик во Република Бугарија, за тамошните пациенти. Оваа мобилна апликација е достапна на двете платформи за IOS и за Android.

Претседателот на Бордот на директори на Скеил Фокус, Пламен Цеков пред присутните порача дека преку апликацијата „dDnevnik“ дијабетичарите успешно ќе можат да се справат со предизвиците што ги носи дијабетесот и ќе им помогне во превенцијата и за поефикасно лекување.

„’dDnevnik’ овозможува пациентите да ги запишуваат измерените вредности за нивото на шеќер во крвта на нивните мобилни телефони, наместо на хартија. Добиените анализи за одреден временски период, апликацијата овозможува да бидат споделени со лекарите или други блиски членови од семејството, преку однапред дефинирани правила од страна на корисникот”, истакна Цеков.

Генералната менаџерка на „Скеил Фокус“ за Македонија, Софче Јовановска порача дека голема е професионалната сатисфакција на целиот тим на компанијата од креирањето на ваков тип на апликација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...