Песната „Бејби Шарк Денс“ со 10 милијарди прегледи стана најгледано видео на Јутјуб на сите времиња

Фото: pinkfong

Видеото „Бејби Шарк“ или на англиски „Baby Shark Dance“ кое во 2020 година најгледано видео со своите 7,1 милијарда прегледи и ја надмина песната „Despacito“, на почетокот на годинава достигна рекордни 10 милијарди прегледи што го направи најгледано на сите времиња.

Јужнокорејската компанија „Пинкфонг“ за стримање на детски видеа на истоимениот Јутјуб канал за прв пат ја сподели веста на својот Твитер профил на 13-ти јануари.

Детската песна за прв пат беше објавена на Јутјуб на 18-ти јуни, 2016 година.