Јутјуб ја тестира апликацијата „Smart Downloads“ што ќе овозможува симнување на видеата

Фото: Szabo Viktor on Unsplash

Јутјуб платформата деновиве ја тестира апликацијата позната како „Smart Downloads“ што на корисниците ќе им овозможи опција за сминување на 20 видеа неделно кои ќе бидат достапни за проследување без користење на интернет.

Aпликацијата ќе биде достапна само за претплатениците на Premium YouTube услугите во Европа и само за уреди што ја имаат последната верзија на Android. Според извештајот што го издаде 9to5Google се знае дека аплиакцијата ќе спушта 20 видеа неделно со содржина препорачана за корисникот зависно од она што имал гледано или слушано последниот пат кога бил вклучен на интернет. „Smart Downloads“ изгледа речиси идентично како Aндроид апликацијата YouTube Music.

Тестирањето ќе трае до 14 февруари и истото се врши на одреден број корисници, претплатеници на YouTube.