fbpx

Пендаровски: Гласот на Хан за избори на 24 април нема да биде пресуден

-

Гласот на еврокомесарот Јоханес Хан околу оценката дали се исполнети услови за избори на 24 април, нема да биде пресуден, изјави денеска во Охрид, Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ на последните избори.

– Постои можност комесарот Хан воопшто и да не дојде во Македонија, неговата денешна изјава укажува токму на таков развој на настаните. Најреално мислам дека по неговите изјави, кои ги даде во Скопје, простор за други изјави нема бидејќи објективно со тие изјави Хан влезе во директно асистирање на една од преговарачките страни и мене ми се чини дека е најдобро да препушти на други луѓе од меѓународната заедница и од Македонија да проценат дали има услови за одржување на избори. Неговата изјава во Скопје беше дека три партии се договориле за избори и дека четвртата страна треба да се приклучи и да реши што ќе прави во меѓувреме. Тоа беше изјава која не му доликува на непристрасен преговарач или олеснувач – рече Пендаровски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...