fbpx

Пендаровски: Европа покажа дека знае да цени политичка храброст

-

Добивме јасна препорака за почетокот на преговорите, без дополнителни услови. Извештајот е најдобар досега, порача претседателот Стево Пендарровски, по врачувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на земјава за 2019 година.

Тој вели дека ЕУ знаела да ја цени политичката храброст. На земјава ѝ преостанува да се бори против корупцијата.

-Европа денеска покажа дека знае да цени и валоризира политичка храброст, компромисно решавање на тешките прашања во духот на европските вредности и политика на добрососедство и регионална соработка. Овде би истакнал дека во извештајот се препознаени нашите напори во насока на враќање на довербата на граѓаните во институциите, зголемената отчетност, транспарентност и одговорноста на носителите на клучните политики. Но, и обврската за преземање на одговорност во случаите кадешто има идентификувани коруптивни дејствија и соодветен институционален одговор – рече шефот на државата.

Пендаровски вели дека е потребно интензивирање на реформите, со вклученост на сите политички фактори.

– Очекувам и барам од сите релевантни политички чинители во Република Северна Македонија да ја препознаат важноста на моментот и преку одговорен и конструктивен пристап да дадат придонес за напорите на државата за нејзиниот напредок на европскиот пат – вели Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...