fbpx

Пакистански министер убиен со бомба во својот дом

-

Провинцискиот министер на пакистанската провинција Панџаб загина во експлозија во својата куќа, а покрај него настрадале уште девет лица.

– Во нападот е убиен министерот Шуја Ханзада – навеле локалните власти на градот Шади Кан, околу 70 километри од Исламабад.

Во куќата на министерот за време на ескплозијата се одржувал состанок, а на учесниците им се срушил кровот.

Полицијата претпоставува дека експолозијата била самоубиствен напад.

– Присутни биле помеѓу 20 и 30 луѓе кога се случила експлозијата при што се срушил покривот на куќата – потврдил официрот за информации, Шазад Нијаз, и додал дека 10 лица биле ранети во нападот.

Помеѓу загинатите има уште двајца локални фукнционери на Панџаб, која е најголемата провинција во Пакистан со околу 80 милиони жители.

„Танјуг“ тврди дека талибанската екстремистичка група Лашкар-е-Ислам ја преземала одговорноста за нападот и навела дека тоа е одмазада за воените операции против нив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...