Фото: Арбнора Мемети

Вкупниот број на заболени од сезонски грип во сезоната 2020/2021 година досега изнесува 433, што претставува 73,2 отсто помалку во споредба со истиот период лани и 86,3 отсто помалку во однос на типичната сезонска крива, соопшти Министерството за здравство.

„Мерките за заштита од ковид-19 вирусот придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување“, велат од министерството.

Во државата, заклучно со втората недела од 2021 година, вакцинирани се вкупно 48.406 лица против сезонски грип. Од нив, 37.870 лица се вакцинирани со бесплатна вакцина, додека пак 10.536 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.

Најголемиот број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (190 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.

Во втората недела од 2021 година, пријавени се 36 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи зголемување од 18 случаи во однос на истата недела во 2020 година.

Повеќе информации во однос на состојбата со грип во земјава може да се прочитаат на овој линк.