fbpx

Отстранети цветните почести за Навални во Русија, полицијата приведува

Повеќе од 100 луѓе беа приведени во осум градови низ Русија, откако дојдоа да положат цвеќе во спомен на Навални, според ОВД-Инфо, група која ја следи политичката репресија во Русија

-

Цветните почести на Алексеј Навални, најлутиот непријател на претседателот Владимир Путин, кој почина во петокот во руска казнена колонија, беа отстранети во текот на ноќта од групи неидентификувани луѓе додека полицијата гледаше, покажуваат видеата на руските социјални мрежи, објави агенцијата Асошиејтед прес.

Повеќе од 100 луѓе беа приведени во осум градови низ Русија, откако дојдоа да положат цвеќе во спомен на Навални, според ОВД-Инфо, група која ја следи политичката репресија во Русија. Во саботата, полицијата го блокираше пристапот до споменикот во сибирскиот град Новосибирск и приведе неколку лица таму, како и во друг сибирски град Сургут, соопшти ОВД-Инфо.

Видеото споделено на социјалните мрежи од Новосибирск покажува луѓе како поставуваат црвени цвеќиња во снегот под будното око на полицијата која го блокираше пристапот до споменикот со трака.

Во Москва, голема група цвеќињеа беа отстранети од споменикот во близина на седиштето на руската Федерална служба за безбедност додека полицијата гледаше, покажа едно видео. Но, до утрото беа оставени повеќе цвеќиња.

Веста за смртта на Навални доаѓа на помалку од еден месец пред изборите кои ќе му дадат на Путин уште шест години на власт.

Тоа покажува „дека казната во Русија сега за опозицијата не е само затвор, туку смрт“, рече Најџел Гулд-Дејвис, поранешен британски амбасадор во Белорусија и виш соработник за Русија и Евроазија во Меѓународниот институт за стратешки студии во Лондон.

Околностите за смртта на Навални сè уште се во голема мера нејасни.

Руската Федерална казнена служба извести дека на Навални му се слошило по прошетката во петокот и изгубил свест во казнената колонија во градот Харп, во регионот Јамало-Ненец, на околу 1.900 километри североисточно од Москва. Пристигна брза помош, но тој не можеше да се оживее; Причината за смртта сè уште „се утврдува“, се вели во соопштението.

Навални беше во затвор од јануари 2021 година, кога се врати во Москва за да се соочи со сигурно апсење, откако се опорави во Германија од труење со нервен агенс за што го обвини Кремљ. Подоцна тој беше трипати осуден, велејќи дека секој случај е политички мотивиран и доби казна од 19 години за екстремизам.

По последната пресуда, Навални рече дека разбира дека „отслужува доживотна затворска казна, која се мери со должината на мојот живот или должината на животот на овој режим“.

Неколку часа по објавувањето на смртта на Навални, неговата сопруга Јулија Навалнаја драматично се појави на безбедносната конференција во Германија каде се собраа многу лидери.

Таа рече дека размислувала за откажување, „но тогаш помислив што ќе направи Алексеј на мое место. И сигурна сум дека тој би бил тука“, рече таа додавајќи дека не е сигурна дали може да верува во веста од официјалните руски извори.

„Но, ако ова е вистина, сакам Путин и сите околу Путин, пријателите на Путин, неговата влада да знаат дека еден ден ќе сносат одговорност за она што ѝ го направија на нашата земја, на моето семејство и на мојот сопруг. И овој ден ќе дојде многу брзо“, рече Навалнаја.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека Вашингтон не знае што точно се случило, „но нема сомнеж дека смртта на Навални била последица на нешто што го направиле Путин и неговите насилници“.

Навални „можеше да живее безбедно во егзил“, но се врати дома и покрај тоа што знаеше дека може да биде затворен или убиен „бидејќи толку длабоко веруваше во својата земја, во Русија“.

Во Германија, канцеларот Олаф Шолц рече дека Навални „веројатно сега ја плати оваа храброст со својот живот“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека на Путин му било кажано за смртта на Навални. Портпаролката на опозицискиот лидер, Кира Јармиш, на X, поранешен Твитер, рече дека тимот сè уште нема потврда за смртта.

Реакции во светот по веста за смртта на Алексеј Навални

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...