Нови гејминг вести за Overwatch 2, Guild Wars 2 и WoW како и попусти на Steam

Guild Wars 2 исто така беше поставена и на Steam каде што има многу добри критики, само затоа што има нетоксични и фини играчи и добра заедница што ја игра играта уште од самиот почеток на Guild Wars 1

Слика од Генџи од Овервач во сопственост на Blizzard
Слика од Генџи од Овервач во сопственост на Blizzard

Кои игри во моментов се на попуст? Каква е ревитализацијата на Overwatch 2 и кои нешта се преработени во играта? Кои се новите комбинации на оружја и професии во Guild Wars 2 и каква е новата сезона на Mythic Dungeons на WoW? Ова се само некои од најновите гејминг вести во кои информираме во овој напис. 

Погледнете го трејлерот за Overwatch 2, во кој се претставени новитетите: 

Сезона 9 започна почнува со ресетирање на ранг-листата, тоа значи дека сите почнуваат oд почеток, без разлика кое место го имаат освоено претходно. Ова значи дека и најсилните и највештите играчи ќе играат против почетници. Но, тоа не е главниот проблем што го носат промените. Играчите се разочарани од големината на hitbox факторот, а тоа значи дека ако нишаните со снајпер не мора да е нишанот директно на главата од противникот, доволно е да во непосредна близина. Има и нови „скинови“ за оружја од жад, обоени во зелено.

Играта, откако беше поставена на „Стим“ има многу негативни критики. А новите промени ја олеснуваат играта до степен што не е предизвик, ниту пак може да се покаже вештина со вакви услови.

Говорната комуникација во играта се снима целосно во датабази. Но, и покрај сето ова, многумина ја хакираат играта со програми за ботови што играат наместо нив.  

Што се однесува до Guild Wars 2, ова е трејлерот за сите нови користени оружја во најновата експанзија: 

Иако за нападите со новите комбинации и елитни специјализации се околу 80 отсто во пермутации, сепак, Arena.net девелоперите се имаат потрудено да направат и сосема нови визуелни ефекти за одредени ликови, што преовладуваат во моменталната PvP Мета.

Исто така во тек е и „Лунарната нова година“ и трае до 19 февруари, каде можат да се освојат нови изгледи за комплети („сетови“) на оклопи и оружја: 

Guild Wars 2 исто така беше поставена и на Steam каде што има многу добри критики, само затоа што има нетоксични и фини играчи и добра заедница што ја игра играта уште од самиот почеток на Guild Wars 1. Во тоа време се очекуваше дека Guild Wars 2 ќе ја симне WoW од тронот на најдобро MMO, но иако имаше и има голем успех, сепак не успеа во тоа. За Guild Wars 2 веќе имаме повеќе написи што може да ги прочитате тука.  

Што се однесува до WoW исто така има нови вести -и има отворено натпреварување во главната PvE активност Mythic Dungeons: 

Повеќето играчи преферираат да играат Mythic Dungeons наместо рејдови кои се сè потешки за организирање. Се чека промената со дури следната експанзија кога нема да е важно на кој сервер ви се ликовите за да бидете со пријатели во ист Guild преку кои и рејдовите на поголеми тешкотии од LFR би се организирале полесно. Играњето Mythic Dungeons се мери според времето потребно да се заврши што пократко време и треба на групата тоа се подобри и натпреварот е така конципиран. Ова е поголем e-sport момент и од самото PvP во WoW -парадоксално ама така е. Тоа е дека најдобрата опрема доаѓа не од ретките рејдови туку токму од грајндање Mythic Dungeons.

Моментално на Steam има попусти, од кои повеќето ќе завршат за неколку дена. Наши препораки се сите игри од Assassin’s Creed серијалот поради попустите од Ubisoft и на Steam, Darksouls 3 е исто така на 50% попуст, како и Cyberpunk 2077. Добра игра на ептен минимален попуст е Soul Calibur 6, која чини само 6 евра. Тоа е игра што може да се игра дома, со двајца играчи на една тастатура како што и е со Tekken 7 (која патем, не е на попуст моментално). Star Wars Jedi: Fallen Order што е исто како Souls игра чини помалку од 5 евра, додека нејзиното ново продолжение Star Wars Jedi:Survivor e на 50% попуст и чини околу 35 евра. Исто така има попусти и на игрите од Blizzard до 67%, на многу сервиси и нивни наслови. Новитет е тоа што се продава и постарата нивна игра Diablo 1 во оригиналнална верзија, додадена неодамна, што е парадоксално бидејќи досега пред да биде поставена на Battle.net се продаваше на GOG