fbpx

Османи: Од медиумите дознав дека фирмата „Еуровиа“ е донатор на ДУИ

Османи вели дека нема ништо незаконско во случајот со фирмата „Еуровиа“, која го доби тендерот на Министерството за надворешни работи од 1,8 милиони евра за да ја преадаптира салата „Борис Трајковски“ за конференцијата на ОБСЕ во Скопје што ќе се одржи во декември

-

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека нема ништо незаконско во случајот со фирмата „Еуровиа“, која го доби тендерот на Министерството за надворешни работи од 1,8 милиони евра за да ја преадаптира салата „Борис Трајковски“ за конференцијата на ОБСЕ во Скопје што ќе се одржи во декември.

За случајот, постапка вчера почна Државната комисија за спречување на корупцијата.

Османи уверуваше дека од медиумите дознал дека фирмата е донатор на ДУИ и не бил среќен за тоа, знаејќи какви ќе бидат реакциите во јавноста.

„Постапката е крајно транспарентна, министерството нема никаква можност да реагира и да го поништи тендерот. Ова е најважен настан во мојата кариера и никогаш не би дозволил да остави дамка. На службите им реков веднаш да ја пратат целата документација до Антикорупциска комисија и обвинителството. Ја разбирам реакцијата и граѓаните имаат право да се сомневаат, но ве уверувам дека сè е законски. Може да ме обвините за сè, но за корупција не можете, ниту кога сум бил и доктор. Таа особина ја немам, посебно не за ваков важен настан. Знам дека е тешко за верување, но дознав дека фирмата е донатор од вас медиумите. Ги повикувам институциите да истражат сè само да не се „брука државата“, изјави Османи.

Тој рече и дека би предложил да се донесе закон со кој на компаниите што донираат на политички партии би им се забранило да учествуваат на јавните набавки.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, и денеска обвини за незаконско богатење на фирми блиски до ДУИ. Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека фирмата многу години добива посебен третман при постапките за јавни набавки.

„Фирмите блиски до ДУИ секогаш обезбедуваат преференцијален третман на пазарот, благодарение на нивните политички, но и роднински врски. Овој пат, вредноста на политичко-корпоративните врски во ДУИ за тендерот кој Бујар Османи како МНР го доделува на Еуровиа ДООЕЛ чиј сопственик е Елмедин Адеми, инаку внук на поранешен функционер на ДУИ, за адаптација на спортскиот центар Борис Трајковски чини 1,8 милиони евра“, објасни Митева, нагласувајќи дека ЕУРОВИА ДООЕЛ е најголем донатор на ДУИ, со донација надвор од законски дозволениот лимит.

„Шемата“, вели таа, функционира од од 2017 година.

„Но, добрата соработка помеѓу власта на ДУИ и СДС со ЕУРОВИА ДООЕЛ се гледа по тоа што токму во периодот од 2017 до денес фирмата доживува вистинската експанзија приходите и профитот. Ако се погледнат податоците на растот на приходот ќе се потврди дека за само една година, од 2021 до 2022 има пораст од над 100% односно приходот во 2021 година изнесувал 7,4 милиони евра, а веќе следната година скоро 15 милиони евра“, обвини Митева.

Во однос на профитот, состојбата исто така оди во нагорна линија, особено во последните две години, односно профитот во 2021 година бил 576 илјади евра, а веќе во 2022 година 787 илјади евра, објасни таа.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...