fbpx

Ослободени 18 турски работници киднапирани во Багдад

-

Ослободени се 18 турски работници кои се киднапирани во Багдад, главниот град на Ирак, јавуваат турските медиуми.

Работниците се ослободени во Басра и патуваат кон Багдад, се наведува во извештајот. Засега нема детали за околностите под кои се пуштени на слобода.

Работниците на градежната компанија „Нурол инсат“ беа киднапирани на градилиште во багдадскиот округ Садр Сири на 2 септември годинава. Еден Ирачанец беше киднапиран заедно со Турците.

Групата што го извршила киднапирањето бараше Турција да го спречи влегувањето на милитанти во Ирак, да ја прекине „опсадата“ на шиитските градови во Сирија, како и да се запре протекот на нафра од курдскиот регион на северот на Ирак кон територијата на Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...