fbpx

Општина Тетово ќе реконструира улици, експертите тврдат дека тоа е редовно одржување

-

Реконструкција на три улици најави Општина Тетово. Градежните зафати ќе изнесуваат 47 милиони денари. Се работи за улиците Индустриска, каде ќе се обноват коловозот и тротоарот во должина од 500 метри. Ќе се реконструира улицата Иво Лола Рибар во должина од 300 метри. Реконструкција деновиве ќе почне и на улицата 172, која ги поврзува Мала и Голема Речица.

– Општина Тетово, исто така, аплицираше и на јавниот повик на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и на руралниот развој. Аплицирано е за инфраструктурeн проект за реконструкција на патот кон Бањиче, како и проект за довршување на другиот дел на локалниот пат Шипковица – Бродец. Со реализирање најавените инвестициони зафати на патната инфраструктура, ќе се намали значително сообраќајниот метеж – изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Сообраќајните експерти велат дека најавените проекти на Општината не се инвестициони зафати во сообраќајот. Се работи за одржување на улиците, што е редовна обврска на градските власти.

– Улиците во Тетово се крпат секоја сезона. Нема ниту една инвестиција, односно нова изградена улица, која би можела значително да го олесни сообраќајот. Општината најавува инвестиции, но не се работи за инвестиции нема никакви нови проекти – изјави универзитетскиот професор по инфраструктура и патишта, Вулнет Палоши.

Палоши смета дека локалната самоуправа треба да размислува да реализира поголеми сообраќајни проекти.

– Една деценија локалните власти не успеаја да го пробијат булеварот Благоја Тоска. Со пробивање на овој булевар, кој би се поврзал со булеварот Илинденска, ќе се ублажи сообраќајниот хаос во централното градско јадро. Не се најавуваат никакви проекти за катни гаражи, кои се неопходни за решавање на проблемот со недостигот од места за паркирање – изјави Палоши.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вели дека се работи за пробивање на булеварот Благоја Тоска.

– При крај се административните работи околу катастарските парцели на сопствениците, каде треба да поминува булеварот. Проблемот со паркирањето ќе се обидиме да го решиме со зонско паркирање, кое наскоро треба да се воведе – рече Арифи .

Целиот сообраќај кој доаѓа од граничниот премин Јажинце од Скопје и од Западна Македонија мора да помине низ центарот на Тетово, создавајќи дополнителен хаос во градот. И покрај ваквата состојба, властите досега немаат преземено никакви чекори, за изградба на сообраќајни обиколници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...