fbpx

Изнајмил „ферари“ и „заборавил“ да го врати

-

Компанија од Швајцарија поднесе кривична пријава против Т.Ц. (25) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнеж дека сторил кривично дело „затајување“.

Имено, на 31 јули 2015 година, пријавениот од компанија во Швајцарија за користење изнајмил автомобил „ферари“ и склучил договор за изнајмување на возилото од 31 јули до 10 август 2015 година. Според договорот, возилото требало да го управува на територијата на Австрија, Швајцарија и на Германија, но спротивно на договорот, пријавениот не го вратил возилото во определениот рок и со истото дошол во Република Македонија и покрај тоа што немал право да го управува на територијата на Република Македонија. Со кривичното дело пријавениот противправно за себе го присвоил возилото што му било доверено на користење, причинувајќи штета на компанијата поголема од 70.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...