fbpx

Охридски комуналец и Планинската спасителна служба го исчистија карпестиот дел околу Канео

-

Утрово во координирана акција на екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ и Планинската спасителната служба при Црвен крст – Охрид се спроведе расчистување на карпестиот и тешко пристапен дел околу Канео каде деновиве сите сме сведоци што се случува до раните утрински часови.

„Не останавме неми сведоци на расфрланиот отпад од младата популација која секоја ноќ ја деградираа оваа од бога дадена убавина и ја претвораа во депонија. Во заедничка соработка се подигна отпадот од локации каде активистите на Црвен крст со голем напор и пожртвуваност пристапуваа, каде некој претходно од чиста забава, во неколку минути, го става на испит она што со векови сме го создавале, нешто што е препознатлив симбол во секоја фотографија која го прoмовира Охрид ширум светот“, велат од јавното претпријатие и Планинската спасителна служба.

Тие апелираат дека светот останува на младите, но како што велат, останува и желбата младите да го сфатат значењето во нашите напори за зачувување на нашата околина и нашето културно наследство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...