Одбележана 30-годишнината од Шенгенскиот договор

-

Денеска, во гратчето Шенген во Луксембруг, највисоките претставници на Европската унија (ЕУ) ја одбележаат 30-годишнината од потпишувањето на дговорот со кој беа укинати граничните контроли меѓу 26 од 28 членки на унијата.

„Шенгенскиот договор ја измени историјата на целиот европски континент“, рекол во својот говор претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, пренесуваат медиумите, споредувајќи го значењето на договорот со падот на Берлинскиот ѕид.

Тој, воспоставената Шенген-зона ја нарекол почеток на процесот на бришење на политичките, социјалните и на културните бариери во ЕУ.

На собирот, говор одржал и претседателот на Европската комисија и поранешен премиер на Луксембруг, Жан-Клод Јункер, по што свечено била откриена скулптура во форма на три столба со ѕвездички, кои ги симболизираат членките на ЕУ.

Шенгенскиот договор е потпишан на 14 јуни 1985 година, од десет членки на тогашната Европска економска заедница, а на кој подоцна му се приклучија и три земји кои не се членки на ЕУ: Швајцарија, Норвешка и Исланд.

Велика Британија и Ирска се единствените две земји кои не ѝ пристапија на Шенген-зоната.

Трамп се закани со царина од 25 oтсто за телефоните на Епл и Самсунг кои не се произведени во САД

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за iPhone телефоните доколку не се произведени во САД, бидејќи го засили притисокот врз Apple да го изгради својот потписен...

Основнотото јaвно обвинителство ја обжали одлуката за куќен притвор за Васев и за Нухи

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”, соопштија денеска оттаму. „Јавниот обвинител е незадоволен од...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Трамп се закани со царина од 25 oтсто за телефоните на Епл и Самсунг кои не се произведени во САД

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за iPhone телефоните доколку не се произведени во САД, бидејќи го засили притисокот врз Apple да го изгради...