fbpx

20 загинати и ранети во нови судири на истокот на Украина

-

Во последните 24 часа, шест украински војници загинале, а 14 биле ранети во судирите со проруските бунтовници на истокот на Украина, соопштиле денеска официјални претставници на украинските власти, пренесуваат медиумите.

– Ситуацијата во близина на аеродромомот во Донецк и понатаму е нестаблна. Непријателот повторно користи тенкови, блиндирани возила и тешка артилерија – изјавил портпаролот на украинската воска, Андреј Лисенко.

И од ОБСЕ сооштија дека во близина на аеродромот во Донецк било забележно зголемено насилство.

На истокот на Украина последната недела дојде до засилување на судирите и покрај дипломатските напори повторно да почне со спроведување февруарскиот мировен договор од Минск.

Од почетокот на војната, во април 2014 година, на истокот на Украина животите ги загубија повеќе од 6.400 луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од вкупниот број запишани гласачи - 1.814.317. Најголема излезност има во Општина Новаци, над...