fbpx

Од 1 септември генерален штрајк на судската администрација ако нема повисоки плати

Вработените во судската администрација велат дека доколку нема поместување, од 1 септември во судовите ќе настапи генерален штрајк, односно нема да се вадат уверенија за неосудуваност, ниту, пак, додатоци за трето дете, а ќе се блокираат и улици

-

Вработените во судската администрација денеска вторпат излегоа на протест пред судовите и ги повторија своите барања за покачување на плата и додатоци на плата. Овој протест, за разлика од претходниот кој се одржа само пред Основниот кривичен суд во Скопје, беше поддржан од сите судови во земјава – од Битола и Тетово до Струга и Штип.

Вработените во судската администрација бараат зголемување на платите за 30 отсто наместо договорените 10 отсто, а револтирани се и од односот на министерот за финансии кој не ја потпишал одлуката на Судскиот буџетски совет за исплата на додатоци на плата.

Нема повисоки плати за судските службеници, одлучи Министерството за финансии

Вработените во судската администрација изјавија дека доколку нема поместување на позициите, започнувајќи од 1 септември во судовите ширум земјата ќе настапи генерален штрајк, односно нема да се вадат уверенија за неосудуваност, ниту, пак, додатоци за трето дете. Тие најавуваат и дека ќе се блокираат улици бидејќи според нив, недозволиво е да се полни буџетот од нивни средства.

„Ние не се согласуваме со покачување на плата од 10%, што Владата и Сојузот на синдикатите го договорија. Исто така, не се согласуваме ни со К15 во висина од десет илјади денари, а многу револтирачки е што од нашите средства доделени од Судскиот совет, 15% на плата, вчера министерот за финансии ги одби“, рече Јасмина Величкова, претседателка на Независниот синдикат на судската администрација.

Таа вели дека со покачувањето на платите на функционерите, што ги опфати и судиите, се појавиле досега невидени разлики во платите кај вработените во судовите.

„Од наши средства се двои за буџетот, а на крајот се доведовме до ситуација избраните и именуваните лица да добијат покачување на плата од 78 проценти, а нам вработените во судската служба да ни се скратат додатоците. Има енормна разлика во платите. Службеник со судија соодносот е 1:5 и судија со стручен соработник 1:3 како никогаш досега и никаде во развиениот свет“, вели Величкова.

Судскиот совет вчера, по негативниот одговор од Министерството за финансии, донесе Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2023 година за судските службеници, вработените во ССРСМ и во Академијата за судии и јавни обвинители.

„Членовите на Судскиот буџетски совет максимално се заложија да најдат начин согласно закон преку пренамена да обезбедат средства за исплата на додатоци на плата за вработените во судството, имајќи ја во предвид преоптовареноста во работењето на судската администрација, вработените во ССРСМ и Академијата за судии и јавни обвинители, нивните барања односно најавите за штрајк, како и фактот дека правото на додаток на плата е утврдено согласно важечките законски одредби“, се вели во вчерашното соопштение на Судскиот совет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...